6.8 C
Прилеп
понеделник, 4 ноември, 2024
Пела Радио

Викенд населбата Маркова чешма затрупана со купишта отпад, Комуналец продолжува со акциите

ЈКП Комуналец деновиве интензивно работи на расчистување на дваесетина диви депонии на потегот од магацините на Кожувчанка до Склештен мост во викенд населбата Маркова чешма, па се до магистралниот пат за Плетвар. Купишта најразновиден отпад се собира и транспортира во депонијата Алинци. Несовесни граѓани исфрлиле градежен шут, фотељи, јоги, јоргани, пластична покуќнина, најлони, отпадни материјали од градење …

Локацијата е загадена со секаков отпад, па дури и целокупна покуќнина се транспортира во доловите, за која што, велат од јавното претпријатие ќе биде потребно и дополнителна механизација и рачно чистење со оглед на непристапноста на теренот.

ЈКП Комуналец упатува апел до граѓаните отпадот да се одлага според прописите, потребно е граѓаните да се јавуват во ,, Комуналец’’, каде услугата за одлагање на непотребен габаритен отпад се извршува бесплатно на повик од граѓанин секој четврток.

Додека пак, за градежниот шут на располагање се трактор за кој се наплаќа 620 ден. и контејнер од 5 м3 за кој што се наплаќа 1360 денари. Поголеми количества на отпад се собираат со неделната редовна линија по домаќинствата, за што потребно е отпадот прописно да е спакуван во најлонски вреќи или кутии.

Би можело да ве интересира

Четврти ден од светиниколскиот турнир

Елизабета Филипоска

Што одговорија прилепчани на прашањето „Како денеска се живее во Прилеп?„

Елизабета Филипоска

Прилепчанка 2 милионити патник на Скопскиот аеродром

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе