17.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Пивофест – прва вечер (ФОТО- ГАЛЕРИЈА)

Прилеп синоќа зачекори во пивофестовската еуфорија. Дневните настани се случуваа за најмладите во „Детската зона“ во паркот кај Судот, а првите кампери веќе се сместија во Паркот на Револуцијата.
Вечерта, изненадувањата започнаа на Алтернативната сцена кај Градскиот саат со настап на Marrio Eddie I Dave Schwarz I Alex Joung.
На главната сцена се претставија Прилепски еснаф, дуото Селимова Желчески, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив, како и популарната српска поп група Галија за која очекувано имаше најголем интерес кај публиката.
За потсетување вечерва ја отвара Ален Хасановиќ, популарниот Миле Кузмановски, како и групата Кантурови, а главна ѕвезда е Светлана Ражњатовиќ – Цеца.

Во продолжение фото – галерија:

Би можело да ве интересира

Утре, четврток, без електрична енергија три прилепски села

Прилепските улици и тротоари се чистат од снегот информираат градските власти и комуналците

Пела Редакција

Забрана за еднодневни школски екскурзии поради опожарување на шумите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе