25.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Во комбе на крушевчанец, полицијата пронашла 45 лица од Пакистан, Сирија и Авганистан

Во СВР Куманово вчера во 09.30 часот е приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Од МВР појаснуваат дека истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.
Во комбето биле пронајдени 45 лица-мигранти и тоа 42-ца од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан. Возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „голф“ и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија денеска од МВР.

Би можело да ве интересира

Пријавени два физички напади и пожар

Во 3 часот по полноќ гости со шишиња нападнале полицајци во кафуле

Автомобил прегази жена на велосипед во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе