11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во тек конкурсот за доставување предлози за Третоноемвриските награди

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, од денеска па до 18 октомври ќе прибира предлози за највисоките општински одличја – Третоноемвриските награди и плакети, како и награда за животно дело.

– Овие признанија се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот. Предлог за доделување награди и признанија можат да дадат претпријатија, здруженија и граѓани како и други субјекти.
Предлозите се доставуваат до Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Прилеп, на приемното одделение во новата општинска зграда или на адреса ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1 Прилеп, почнувајќи од денес, 19.09.2019 година до 18.10.2019 година, се вели во соопштението од Општина Прилеп.

Како и секоја година, подносителите на иницијативите треба да имаат во предвид дека предлозите треба да бидат образложени, аргументирани и да ги задоволуваат критериумите за посебни достигнувања во Општината во соодветната област, за периодот од 3.Ноември 2018 година до денес, односно за животно дело на кандидатот, кој подолг период впечатливо е присутен со значајни остварувања во својата област.
Минатата година наградата за животно дело Златна плакета, која се доделува по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, ја понесе дуетот Кевсер Селимова-Ѓорѓи Желчески.
Со Третоноемвриски плакети беа наградени:Прилепскиот „Ротари клуб“, Здружението „Ромска солза“,„Центар за современа ликовна уметност“,Џудо клубот „Сеишин“,ПСЗ „Козјак“. Добитници на Третоноемвриски дипломи беа:Рубин Белчески, Владо Ѓорѓиески, Димитрија Чучуроски, Сузана Николоска, Драгомир Михајлоски-Пижа, Теодора Ристеска, Снежана Паноска и Валентина Пурдеска.

Би можело да ве интересира

Прогонет па вратен – На епископот Вранишкоски ќе му биде отстапен дел од Преспанско пелагониската епархија

Градот Крушево доби средства за подобар водоснабдителен систем

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе