29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Крушево во борба против коронавирусот

Крушево  започна со дезинфекција на неколку институции : СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево, ООУ „Никола Карев“, ЈОУГД „Гонча Туфа“, Фондот за здравство во Крушево, Агенција за вработување и локална самоуправа.

Оваа активност е  дел од мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство за спречување на ширење на коронавирусот.

Претходно се чистеше центарот на градот, Црвениот крст објави повик за волонтери кои ќе помагаат во набавка на неопходни производи за стари и изнемоштени лица, градоначалникот ги откажа отворените денови, пазарот престанува со работа, скратено е работното време во локалната и други државни институции, општината отвори телефонски линии за помош на старите лица, но и за итни потреби на сите граѓани,.Народната кујна ќе ја доставува храната до домовите на примателите и други мерки.

Би можело да ве интересира

Енергетски ефикасното осветлување на Крушево му обезбеди големи заштеди

Цевитана ќе ја помага набавката на шаховски табли за основните училишта

Пела Редакција

Крај на печатите за пасоши – Од 12 октомври Европа го воведува новиот систем за влез/излез (EES) во 29 земји

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе