5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(Видео -Фото)Крушево: Фестивалот на храната и културата започна успешно

Во Крушево започна  фестивал на храна и култура „Taste Krushevo“,фестивал во организација на СОУ „Наум Наумовски – Борче“ Крушево,каде кулинарството се изучува со години.

Синоќа  на плоштадот во Крушево, дел од мајсторите на храна,  направија старт за денешниот натпревар  на ученици кои дојдоа како натпреврувачи од  училишта од Гевгелија, Струга, Скопје, Кратово, Кочани, Штип,  …од соседна Србија  од Лесковац….

 

https://www.facebook.com/TasteKrushevo/videos/2386175734978170/?__tn__=kC-R&eid=ARBd3vcVyb95ETsiBwzDDC6Uh2LcPTGjyWCwxgnhfO5-xphd6NzMHmyziL-9pUKrL7JqdtlqKzIZHHCb&hc_ref=ARTQxZyS7Qh8ayVfvXpIsuBarBgnz_Q_U1YjEEIMNRLqKxhTgwA7jy00u_lbeOUH_mw&fref=nf&__xts__[0]=68.ARBnhqt8wBZz4zvYKKh-gWVkbYF1a7gZopylyCN9cZIhIWJ_VMmYt_1G1JSpQ9aM6yYvhUr3k59mSuTdbxF8O_0GM1l83UUzOC2Cvt6n7xAUCO7ySbhzJ3m3z4ruN_q9LcTjY-0NdnaH7FAZXYQAbyA9ArFL3Lz-PgiPvla3TexsrcQ_Svq08R50nNmcyar_w3DZnxAm7k-yeAYtaSzgi7ZcMMDtSSQEJU6pkNOoryLLUVL6_n24Gbxf58rLLHnXy-4XAKpGgidwbIGygpYfu5nBXgrrOju4ktrGYtbKlDbFsnyyHHsnxy4VGHCtuiyiGZUYwkz2qHaeIJ_wdWVtgnTEF0pz9JRPIL0

 

Посетителите синоќа уживаа во традиционалната храна и ги резгледуваа промотивните матерјали од сите градови . Вкусија : лутеница,  лутка со компири и суви пиперки од Кратово, лесковачка скара Лесковац, кратовска салата, полнети пиперки од Гевгелија , полнет крап од Струга …

Денеска , започна официјалниот натпревар во подготовка на Чомлекот од Крушевчани ,како ниввни специјалитет ,со  крушевска пита, и џелуфки …Штандовите се веќе поставени за дегустација и започнува натпреварувањето во одбирање на најдобро подговена и аранжирана храна. Учениците имаат  задача да направат предјадење, главно јадење, салата и десерт,ни сето тоа добро да го аранжираат

“Доаѓаме од Лесковац, Србија. Прв пат доаѓаме во Крушево и сме воодушевени од она што го видовме , но пред се од организацијата. Браво за организаторите ! Се е многу убаво. Во натпреварувачкиот дел ја подготвуваме познатата лесковачка скара, лесковачка салата и познатиот лесковачки колач, како десерт, сето тоа добро аранжирано и подготвено за дегустација. За ова натпреварување се подготвуваме сериозно и се надевам дека ќе освоиме една од медаљите„ -в ели преставникот од Лесковац

“Имаме подготвено риба на струшки начин,имаме клен со кромид,јајца сарма со ориз и мелено месо ,тулумби и кифли со изварка. Сите овие се струшки јадења кои се најмногу познати во Стуруга.Од ова натпреварување очекуваме да го освоиме високото,прво место “- вели Неџет Положани од СОУ „Нико Нестор“ од Струга

 

„Ова е еден одличен настан кој ја промовира нашата храна, но и нашата култура, а овие две гранки се многу богати.  Истовремено, преку храната и културата го нудиме она што најдобро знаеме да го правиме како училиште, како граѓани на Крушево и  како град.“, истакна Снежана Миленковска, директорката на СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево кои се организатори на настанот

 

Утре  во рамкитена Taste Krusevo – фестивалот на храна и култура во 10 часот ќе се одржи туристичка тура до спомен куќата „Тодор Проески“ и споменикот Македониум, за со што на туристите и натпреварувачите ќе им биде пренесен културно  историско  богатство на Крушево, а утрешниот ден ќе биде ден и за додлување на наградите на најуспешните натпреварувачи на интеранционалниот фестивалот на храната и културата „Taste Krusevo“

Би можело да ве интересира

Вечно замина човекот кој живееше за блузот

Елизабета Филипоска

СОУ „Ристе Ристески Ричко“ го одбележува патрониот празник

Гордана Цветаноска

Во Прилеп, секој ден по еден случај, жртва на семјно насилство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе