29.7 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Левица ја оспори пред Уставен владината одлука за изградба на ветерни и фотоволтаични централи кај Студенчица

Политичката партија „Левица“ ја  информира јавноста и граѓаните на Македонски Брод, Кичево, Прилеп, Долнени и Пласница дека партијата поднела иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува контроверзната владина одлука за доделување на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица.

Ја известуваме јавноста и граѓаните на Македонски Брод, Кичево, Прилеп, Долнени и Пласница дека партијата Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува контроверзната владина одлука за доделување на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица.

Ова подрачје е од огромен јавен интерес и во истото досега не беше дозволено да се градат објекти, заради заштита на здравјето над 10% од популацијата во Македонија.

Со оваа иницијатива, недвосмислено покажуваме дека јавниот интерес е императив пред бизнис-интересите на елитата и дека ќе ги искористиме сите механизми за да ги зачуваме здравјето, благосостојбата и пристојниот живот на македонскиот народ.

За разлика од бизнис-партиите кои ги застапуваат интересите на олигархијата во Македонија, Левица секогаш ќе се става на страната на обесправените слоеви, стои во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

🎥Гласот на промена започнува од младите👩

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

Подобрување на инфраструктурата во селата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе