6 C
Прилеп
вторник, 17 декември, 2024
Пела Радио

(Низ фото) Со засадување на дрвца џудистите го одбележуваат, 28- ми октомври, Светски ден на џудото

Под мотото „Засади дрво“  ,со садење дрвца , на локацијата каде што минатиот месец беше опожарена, кај с. Селце, во близина на Манастирот Св Димитрија,  џудистите од Македонија,  се вклучија во акција да ја облагородат природата, со нови садници, одбележувајќи го Светскиот ден на џудото, 28-ми Октомври, кој се чествува во чест на роденденот на основачот на џудото, Џигоро Кано. Со лопати во раце, спортски и одлучно, над 70-тина џудисти од различна возрасти, заедно со своите тренери, со спортски работници-џудисти,  копаа и засадуваа садници на планиснкиот терен кај Селце и со тоа дадоа свој придонес кон екологијата, приордата збогатувајќи ја со нови зелени површини, при што, потврдија дека спортисите, спортот и природата се в заемно поврзани.

Со оваа, повеќе еколошка од спортска акција , џудистите  уште еднаш потврдуваат дека  џудото е многу повеќе од спорт, дека тоа е образовна ,едукативна  алатка , која може да им помогне на луѓето да живеат заедно, да се почитуваат еден со друг, но и да ја почитувата планетата Земја, која е единствен дом, за спортување, дружење и творење.

 

„Планетата земја е во опасност. Научниците и експертите низ целиот свет се согласуваат дека доколку не се направи ништо, нашиот заеднички дом, а со тоа и ние, жителите на оваа земја нема да имаме загарантирана иднина. Токму поради тоа Меѓународната Џудо Федерација сака да придонесе кон заедничкиот напор да се обезбеди подобра иднина за нашите деца“ – се вели во дописот од Џудо Федерацијата на Македонија.

Денес, повеќе од 40 милиони луѓе практикуваат џудо низ целиот свет. Ова потенцијално претставува голем број на дрва што можат да се засадат на сите страни од платетата земја. Знаејќи дека годишните времиња не се исти насекаде во исто време, Интернационалната џудо федерација го започнува овој голем проект, сега, со цел да им овозможи на сите да бидат вклучени.

 

 

 

 

 

 

Исто така, свесни за симболичното значење на ваквата програма, ИЏФ ги поканува сите да земат учество и да ги едуцираат најмладите за зачувувањето на нашата животна средина.

Од федерацијата апелираат до сите џудо клубови, џудисти и вљубеници во џудото да се вклучат во одбележувањето на овој ден со засадување на садници во своето место на живеење.

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп

Би можело да ве интересира

Ќе се спроведува трета фаза за уништување ларвени форми на комарци во прилепско

Пела Редакција

Градскиот пазар ќе работи и во сабота, стартува и јавниот градски превоз

Гордана Цветаноска

Мицкоски како гостин во Прилеп се запознаваше со активностите на локалната власт

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе