-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Седница на Совет – повисоки плати за комуналците, за помошниот персонал во старски дом, нови вработувања во библиотека…

Советниците  на Советот на Општина Прилеп на денешната 33 седница  го усвоија Извештајот за извршување на општинскиот буџет за третиот квартал од 2019 година и едногласно ја изгласаа  Одлуката со која фекалната канализација со системот за предтретман за отпадни води, заедно со мрежата на индивидуални приклучоци во населеното место Канталарци, му ја предадоа на стопанисување на ЈКП „Водовод и канализација“.

Прилепските советници дадоа “зелено светло“ за доделување средства на здружението „Локален спортски сојуз Прилеп“, за организација на традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“, кој треба да се одржи на 8-ми до 29-ти декември 2019 г; дадоа согласност и за покачување на септемвриските плати на помошно-техничкиот персонал на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ во висина од 5%, ;дадоа согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈКП „Комуналец“ и одлука за одобрување на две вработувања во ЈУ Градска бибилотека „Борка Талески“, библиотекар и информатичар.

Членовите на општинскиот Совет ја усвоија и Одлуката за изработка на техничка документација за изградба, реконструкција и урбанистичко уредување на Градска река, како еден од приоритетните проекти за Општина Прилеп, финасирана преку UNDP.

 

 

Би можело да ве интересира

Ин мемориам: Почина Љупчо Перканоски, сопственикот на Авто Контрол

Гордана Цветаноска

Гори и во долненско – попладнево пожар кај с. Слепче

Елизабета Филипоска

Презентирани домашни и меѓународни искуства за граѓански активизам применливи во нашите локални средини

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе