5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Човечките ресурси – цврст темел за развојот на Комфи Ангел

Извозно ориентираните фирми, помалку ги чувствуваат „ударите“ предизвикани од домашните политички превривања. Долгорочните планови вели Ирена Јакимоска, косопственик на Комфи Ангел околу интерниот или таканаречениот органски раст се остваруваат непречено. Во секој случај, една од главните насоки за остварување на органскиот раст, кој пак се реализира за подолг временски период, се однесува на унапредување на човековите ресурси.
-Она на што го ставивме главниот фокус минатата година беше инвестициониот план во однос на техничко-технолошкиот развој се со цел да имаме поголема конкурентна вредност на европските пазари и секако главниот фокус понатаму ќе ни остане човековите ресурси и надоградба на нивниот животен стандард. Меѓувреме треба да размислуваме и да бидеме внимателни, покрај нашата желба нивниот животен страндард да биде на соодветно ниво, да не ги изгубиме нашите конкуретски способности во Eвропа и од тие причини упатувам порака до јавните институции дека и во однос на даночната политика треба да се биде внимателен се со цел да не ги изгубиме нашите конкуретски способности, вели Јакимоска во оценката за работата на компанијата.
Покрај константната грижа за развој на човечките ресурси, за што компанијата ја покажува преку поддршка за едукативна надградба на вработените, одлични услови за работа, коректен однос меѓу раководството и работниците дирекно вклучени во производствениот процес, грижа за децата чии што родители работат во компанијата преку доделување на стипендии, Комфи Ангел важи за општествено одговорна фирма во однос на заедницата од каде што потекнува, преку бројни донаторски акции и хуманитарни иницијативи.

Во повеќе наврати не само компанијата, со донација на производи за здравствените и други установи каде што е потреба, туку и самите вработени ги потврдуваат нивните заложби за помош, каков што беше примерот и со последната акција на здружението „И јас сум Дедо Мраз“.
Но, исто така интересна и е стратегијата за освојување странските пазари, сфера каде што Комфи Ангел успешно опстојува и се развива повеќе од 11 години.
– Комфи Ангел извезува Англија, Германија, Франција, Италија, Чешка, Украина, скоро цела Европа ни е опфатена и многу малку работиме надвор од Европа. Она што сакам да го потенцирам е нашето позитивно искуство во Македонија, завршивме со вкупен обрт од 700.000 евра за 2017 година, без маркетингшки пристап и трошок, што ни укажа повторно дека не смееме да се девалвираме ни како пазар.,ни како држава, ниту како народ, бидејќи има голем потенцијал токму тука, додава Јакимоска потенцирајќи дека тековнава година повеќе ќе се насочат кон земјите од Западниот Балкан.
Во поглед на очекувањата за економскиот раст во земјава, Јакимоска се надева дека фокусирањето на домашните компании и нивното доближување до странскиот капитал присутен во земјава, содржани во владините економски мерки ќе даде резултати за дополнително позитивно раздвижување на пазарот.
– За прв пат, со најавените економски мерки не се прави разлика меѓу капиталот независно дали доаѓа од странство или е домашен. Капиталот е капитал и е многу важен како орудие за да може да има економски раст во државата се со цел да може да одиме напред. А се знае и зошто, вели Јакимоска, а тоа е за надоградба на животниот стандард.

Би можело да ве интересира

Две минимални платни недоволни за полнење на потрошувачката кошница

Елизабета Филипоска

Заштита на потрошувачите со сертификатот за меѓународн стандард ИСО 26 000

Елизабета Филипоска

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе