11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Останува се уше отвоено прашањето „од кој пат да се оди до Мариово?„

Со транспаренти во рака  „Нема пат,нема живот,нема развој“ Мариовци неколку часа го блокираа патниот правец Прилеп – Витолиште, револтирани од лошата патна инфраструктура, а потоа се упатија до Општина Прилеп каде имаа средба со градоначалникот, барајќи од властите да се реши состојбата со патиштата во Мариово.

Регионалниот патот кој е единствената врска до Мариово, е катастрофално уништен со години ,„што  преставува опасност за движење и е небезбеден и за автомобилите и за велосипедистите“  – велат од Ицијативниот одбор за поттикнување на развојот на областа Мариово – Прилеп,

( В петок 8-ми неомври наши гости во емисијата „Жешко Столче„ во 11,оо ч. на Радио Пела , фреквенција 96,8 ФМ или следете не на facebook radio pela 96,8 fm) 

Револт е уште поголем што надлежните им велат,постојано – “Па, таму нема за кога да го правим патот! Нема Луѓе! „

„Не информираа од локалната самоуправа дека патот е во надлежнот на ЈП за државни патишта и Министерството за транспорт и врски. Но, до ден денска никој нема преземено ништо и загрижува фактот што не пројавуваат интерес. Нам ни останува да продолжиме како Мариовци, како граѓани заинтересирани за Мариово, да вршиме порадикален притисок,  бидејќи ние без пат , таму,не можеме да функционираме., ниту, жителите, ниту сите оние кои секојдневно го минат овој пат,  кои се порвразни со Мариово. Таму илијадници луѓе, се собираат и ги посетуваат манастирите, патот го користат рударите кои работат во рудниците, го користат безброј туристи за алтернативен туризам ,  ловџии , риболовци , таму живеат 200 луѓе.. Тие не се ли луѓе? !-  вели, Тренчо Димитриоски од Иницијативниот одбор.

„Ни рекоа дека станува збор  за Регионалн пат и на општинските власти  не им било дозволено да вршат реконструкција и санација. Но,ние ќе продолжиме со порадикални мерки,за да сфатат надлежните дека тој пат ни е крајно неопходен“ – вели Спасе Чакрески од Витолиште

Патот на оваа делница Прилеп – Витолиште во должина од 50-тина км. е премногу уништен. Но,тие бараат  и поправка на делницата, с. Ново Лагово – с. Штавиц, реконструкција на делницата, с. Штавица – с. Кале,поправка на делницата, с. Кален – с. Витолишт,реконструкција на локалниот пат, Липов Дол – с. Чаништ, реконструкција на делот од патот, Прилеп – Витолиште, пред и по Расимбегов Мост,асфалтирање на патот, Баров Мост – рудник Сирма Галица, с. Бешиште и асфалтирање на патните правци до с. Полчиште и с. Бешиште, реконструкција на патот, Витолишка Река – с. Витолиште,тампонирање на патот, Витолиште – Живово – Врпско,тампонирање на патот с. Кален – с. Кокре,тампонирање на патот, с. Дуње – с. Пештани и тампонирање и асфалтирање на патот, пат Прилеп – Витолиште – Чумово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Дневен Ковид биланс, се зголемува бројот на заразени

Гордана Цветаноска

Повторно високо на врвот по бројот заболени – 15 нови случаи во Прилеп. Двајца починаа!

Елизабета Филипоска

Прилепчанец бегалец од затвор си пазарел во Битола

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе