16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп повторно на врвот според новозаразени со корона вирус, утре ќе заседава Кризниот штаб

Во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот, информира Министерството за здравство. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле 1078 пациенти. Од новозаразените 1288, најмногу се од Скопје – 570, додека повторно Прилеп е во врвот со вкупно 78 новозаразени од Ковид 19. Починати се 39 лица, од кои шеснаесет се од Скопје и тројца прилепчани. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1078 оздравени пациенти од кои 36 од Прилеп. За утре, најавена е седница на Општинскиот кризен штаб на која ќе се одлучува за евентуални нови мерки кои би се применувале на локално ниво.

Би можело да ве интересира

Вонредна седница на Советот и бурни дискусии по првата, од двете точки на дневен ред

Пела Редакција

БАДНИКОВИ ПОВОРКИ: ПОВИК ЗА УЧЕСТВО до сите градови и населени места во Републиката и дијаспората!

Пела Редакција

(ФОТО-ГАЛЕРИЈА) Отворени денови за деветтодделенците во прилепските средношколски центри

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе