30.6 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Реновирано основното училиште во Канатларци со грант од Јапонска амбасада

ООУ „Кирил и Методиј“ во населено место Канатларци е целосно реновирано преку Јапонската програма за мали грантови (GGP). Со проектот се заменети старите и дотраени врати и прозорци со нови, направена е и реконструкција на дренажа како и бојадисана е училишната зграда.

Оваа инвестиција чини 57.365 илјади евра,а  јапонскиот амбасадорот Савада Хиронори кој денеска беше вопосета на училиштето, посочи дека е задоволен од тоа што придонел за  ја подобри животната средина за учење во ова основно училиште,  „која како објект ќе послужи не само за сегашните туку и за идните генерациии.„-нагласи тој.

Н.Е јапонскиот амбасадорот, Савада Хиронори оствари средба и со градоначалникот на Прилеп , Борче Јовчески  Борче Јовчески кој му се заблагодари на амбасадорот на Јапонија во Македонија  за денешната  средба и за донацијата на Јапонскиот народ ,а стана збор и за продолување на заедничкото пријателство и соработка

Ова е втор проект кој е реализиран во Општина Прилеп од страна на Јапонската амбасада.

Би можело да ве интересира

Домашната пченица ќе се откупува за стоковите резерви

МЗШВ одговори на барањата од земјоделските здруженија

Во Општина Кривогаштани во трка за градоначалник две коалиции, за советници една партија и две коалиции

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе