3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Голем број села во Пелагонија покрај тоа што се соочуваат со проблемот водоснабдување и лоша инфраструктура, немањето на фекална каналзациона мрежа  преставува вистински недостаток во современото живеење во село ,а посебено во ерата кога се говри и се бара да се заштити  животната средина од секакод вид отпад.

И, во таков момент , би рекле период, поставувањето на канализационен ситем во село е навистина настан кој треба да се регистрира .

Имено , деновиве Општина Крушево започна со изградба на првата фаза од изградбата  на фекалната канализација во с. Норово, а  градоначалникот на општина Крушево, Томе Хирсоски, во намерата да го подобри животот на жителите од населните места  во неговата општина, најави дека се изработуваат проекти за канализации и во неколку други останати села од општината.

„Во Норово започнавме со работа на терен и официјално после долгите очекување на моите сограѓани од овој дел на општината, во завршна фаза е изработката на проектот за изградба на каналзиација во с. Алданци, а дополнително ќе се изработуваат проекти за селата Борино, Јакреново, Саждево, Пресил, Врбоец и Св. Митрани. По изработката на проектите тие ќе влезат во процедура на аплицирање, нивно финансирање и се надеваме за скоро и нивна имплементација.“-изјави градоначалникот на општина Крушево.

Вчера (14.11.2019) се означи почетокот на изградба на фекална канализација во с. Норово и асфалтирање на пат во должина од 2 и пол километри до с. Саждево, а од понеделник официјално започнува имплементацијата на проектот за изградба на цевковод во Саждево.

Покрај претходно наведените проекти во општина Крушево во тек се уште :Изградба на гробно место на Тоше Проески, асфалтирање на пат до Крушевско езеро, асфалтирање на пат од с. Борино до Житоше (општина Долнени),

Вкупна вредност на тековните проекти велат од општината изнесуваат 874 203 евра.

Би можело да ве интересира

Работниците од Еурокомпозит бараат почитување на договорот со Анѓушев за смена на менаџментот

Гордана Цветаноска

ЕВН Македонија известува за прекини со електричната енергија во прилепско и Крушево

Гордана Цветаноска

Седница на Совет – повисоки плати за комуналците, за помошниот персонал во старски дом, нови вработувања во библиотека…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе