11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Хуманитарна лотарија во Градската болница за Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Во бифето на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп, утре на 18-ти ноември од 10 до 14 часот, по повод Светскиот ден на предвремено родените бебиња (17-ти Ноември), група на мајки со предвремено родени деца, организираат хуманитарна лотарија. Целта е добиените средства да бидат наменети за доопремување на одделението на неонатологија во Градската општа болница- Прилеп. Со кои проблеми се соочуваат семејствата и предвремено родените бебиња, како се решаваат тие,што може да се направи повеќе… Лотаријата е реализирана со голема поддршка од малите градски дуќани, слаткарници итн. кои донираа свои производи.
Светскиот ден на предвреме родените дечиња 17 ноември се одбележува годинава под мотото ,,Роден прерано: Обезбедување на соодветна грижа, во соодветно време, на соодветно место.“
Годишно во земјава се раѓаат 600-тина предвреме родени бебиња на кои покрај борбата за живот, правилната нега и грижа треба да им овозможи и максимално можен квалитет на живот во иднина. Стапката на смртност на предвремено родени бебиња во државава е намалена двојно и изнесува 12 проценти на годишно ниво.
Целта на овој ден е подигнување на јавната свест во општеството.
Одбележувањето на 17 Ноември како Светски ден на предвремено породени деца, има за цел да се најдат решенија, и соодветна превенција за да се спречат компликациите кои доведуваат до предвременото породување.

Би можело да ве интересира

Денешниот ден Спасовден се смета за најсреќниот ден во годината

Елизабета Филипоска

Вера, надеж, љубов празникот на мајките и нивните ќерки

Гордана Цветаноска

Новогодишни подароци за децата на бранителите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе