16.5 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Започна ликовната колонија „Дрен“

Во ликовното ателје на ЦК„Марко Цепенков“се одржува 11-тата „Ликовна колонија Дрен“. Уметниците 12 мина од Прилеп творат до 24 ноември.

На оваа традиционална ликовна колонија годинава се учесници:
Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Верче Николоска, Марта Макеска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Методи Исков, Марјан Стојаноски.
– Колонијата допринесова за дружење на уметниците, а нивните дела ќе бидат дел од депото на Центарот за култура. Од минатати 10 години на колонијата, која започна од 2010 година, се создадени на 350 уметнички дела. Тие дела се од непроценливо богатство за Прилеп и за Македонија, вели Каролина Мицевска, лице за односи со јавност од Центарот за култура Марко Цепенков.
Ликовната колонија Дрен се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Концертот со песни на Пинк Флојд во Прилеп, за мене има посебно емотивно значење

Пела Редакција

Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Промоција на новиот роман на Мирјанка Селчанец насловен „Која сум“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе