18 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Вечерва, извонредно музичко доживување – концерт „Амбасада на мајсторство“

Во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ вечерва од 19.00 часот ќе се одржи камерен концерт насловен како „Амбасада на мајсторство“ на кој ќе настапат Владислав Фјодоров на пијано, Алексеј Иванов на труба и Дмитриј Крилов на тромбон. Уметнички раководител на Санктпетербуршкиот „Дом на музиката” – Народен уметник на Русија, професор Сергеј Ролдугин.
Влезот е слободен.
Младите музичари, лауреати на меѓународни натпревари се дел од програмите на Санкпетербуршкиот Дом на музиката, а во Македонија доаѓаат во организација на Агенцијата Россотрудничество и Амбасадата на Руската федерација во земјата.
Концертот „Амабасада на мајсторство“ трета година се реализира во ЦК„Марко Цепенков“. Ќе бидат изведени дела од од Бах, Кетинг, Нестеров, Бетовен, Енеску, Скрјабин, Римски Корсаков и други светски автори.

Би можело да ве интересира

(фото) Синоќа Јоксимовиќ ,вечерва Шаулиќ-последна вечер од Пивофестот 2018

Прекин на возот на релација Скопје-Битола – од пожарите во битолско-прилепскиот регион унишетна пругата

Пела Редакција

Прилеп: 6 починати и 56 новозаразени во изминатото деноноќие

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе