0.8 C
Прилеп
среда, 25 декември, 2024
Пела Радио

Завршија градежните работи на ИКТ центарот во Прилеп

По повод завршувањето на првата фаза од градежните работи за изградба на Центарот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп (ИКТ Центар), денеска во Прилеп беше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки. Центарот, чија што вредност изнесува 3.398.473 евра, е во рамки на проектот финансиран со средства од Програмата за претпристапна помош на Европската Унија, при што, најголем дел обезбедени од инвеститорот ЕУ (2.437.000 евра), а останатите со национално кофинансирање.
До јуни 2020 година треба да завршат и двете други фази за овој капитален проект, опремувањето и едукацијата на вработените, со што за неговото ставање во функција ќе бидат вложени околу 11 милиони евра. Министерот Спасовски посочи дека овој објект е од исклучителна важност за ресорното министрство.

-Со изградбата на овој објект, кој е од исклучителна важност како за МВР, така и за другите државни институции, сакаме да бидеме подготвени за да обезбедиме функционирање на виталните информациски системи во случај на евентуално онеспособување на примарниот информатички систем поради природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор. Во работењето на овој центар, покрај МВР можат да земат учество сите државни институции кои имаат таква потреба, согласно законските надлежности – рече министерот Спасовски.

Градежните работи за ИКТ Центарот започнаа на 15 март 2018 година со имплементација на договорот за „Градежни работи за воспоставување на Центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата“.
Центарот ќе претставува (резервна база за клучните, витални информациски системи во земјава, односно ќе гарантира дека тие ќе функционираат доколку од какви било причини биде загрозена работата на примарниот информатички систем. Инаку, МВР во моментов реализира уште два ИПА проекти, кои имаат за крајна цел целосна функционалност на Центарот за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата. Изградбата на Центарот, што е прв случај во поширокиот регион, е многу значајна бидејќи се добива модерен современ објект во делот на информациско-комуникациските технологии и безбедноста на податоците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пензионери: не постои средна класа, туку само робови и робовладетели!

Гордана Цветаноска

Во тек санација на локалната патна инфраструктура во прилепско

Гордана Цветаноска

Започна турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2017„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе