9.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

Камион прегази две жени во Прилеп

Две жени со тешки повреди биле пренесени во болница откако во нив удрил камион.
Несреќата се случила вчера во 18:30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп. Според информациите на МВР, камион „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од Н.Х.(47) од село Лажани, прилепско, удрил во пешаците А.В.(48) и И.В.(25), двете од Прилеп.
И двете се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Приведено лице барано со потерница! Го нашле во нас. Тризла- Прилеп

Елизабета Филипоска

Прилепчанец приведен за непочитување на полициска наредба

Гордана Цветаноска

Пронајдено украдено оружје и муниција, полицијата приведе двајца осомничени

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе