6.7 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Ученици од угостителската струка од Крушево учеа од светскиот познат кувар Саша Мишиќ

Се за храната: Како да се подготви?! Што таа значи?! Како најдобро таа да допре до консументот?! Што треба да се знае за гастрономијата и како правилно да се сервира храната ?! … За ова и за многу дурги теми поврзани со гастрономијата учениците од угостителската струка при СОУ „Наум Наумоски Борче„ Крушево имаа ретка можност да чујат од најдобриот европски гастрономски шеф, Саша Мишиќ , познат  по кулинарска емисјата  “Жешка кујна„ (“Паклена кухиња“), кој денеска беше во Крушево, со цел да им открие дел од кулинарските тајни на учениците-угостители.

Група ученици од угостителско-туристичка струка, готвачи, угостителски техничари и хотелски техничари, под менторство на своите стручни професори, по посебно стручни предмети присуствуваа на работилницата, која се одржа во хотел “Панорама Спа” , и беа воодушевени од едукацијата поврзана со нивната струка..

Тие научија дека само добар квалитет на храна, квалитетни кадри и убав угостителски објект, се гаранција за успех и носат постојано зголемување на бројот на задоволни муштерии.  Она што го истакна големиот европски кувар, Мишиќ,  пред учениците за квалитетното  угостителството е едукацијата ,  обуката и образованието на кадрите ,  како најважна компонента,  во која треба да се вложува секаде низ Балканот.

Инаку,  ова беше прва средба на учениците и нивните ментори со гастрономски шеф Саша Мишиќ и hospitality менаџерот Јаким Митрески, на тема “Менаџмент во кујната .  Во иднина СОУ “Наум Наумоски Борче“  активно ќе се вклучи во вакви работлници и со тоа  ќе биде единствено училиште во Македонија кое ќе биде  дел од вакви проект-работилници и обуки, од областа на гастрономијата, угостителството и хотелиерството под водство на овие врвни мајстори во кулинарството.

Воедно, учениците и прсутните госит имаа можност да се запознаат и со книгата на Саша Мишиќ , насловена  “Одисеја хране” , чија промоција се одржа денеска во Крушево.

 

 

Би можело да ве интересира

По повод јубилејот Прилепска пиварница организира пошумување кај Селце

Kрстот во Прилеп во рацете на Александар Вељaноски !

Елизабета Филипоска

Ќе се гради хидроцентралата „Чебрен“, избрана грчка фирма за концесионер

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе