7.1 C
Прилеп
сабота, 7 декември, 2024
Пела Радио

Драма во Битола – поднесена кривична пријава на вработен како полицаец во КПУ Затвор – Прилеп

СВР Битола до основното јавно Обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Ф.И.(40)од Прилеп  вработен како  полицаец во КПУ Затвор Прилеп.
Имено, на 29.11.2024 година во околу 18.00 часот, во толет во ресторан лоциран на ул. “Широк Сокак” во Битола, пријавениот, со закана од огнено оружје,  упатил сериозна закана по живот кон полициски службеници кои преземале службени дејствија по член 215 од КЗ, каде го лишиле од слобода Т.Ж.(27) од Битола, бидејќи при преглед, кај него била пронајдена марихуана и прашкаста материја.
При лишување на Т.Ж. во тоалетот на угоститрелскиот објект, од страна на Ф.И.од Прилеп,, биле упатени закани со огнено оружје кон полициските службеници.
Двете лица се лишени од слобода , а за Ф.И е поднесена кривична пријава за „Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, предвидено и казниво по чл.383 од КЗ,информираат од СВР Битола

Би можело да ве интересира

На 19 – годишен прилепечанец му се одземени повеќе стебла и гранки од канабис

Елизабета Филипоска

Приведен прилепчанец, ги малтретирал ќерката и сопругата

Со нож ја нападнал бившата сопруга

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе