25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Аплицирајте! Нов ИПАРД оглас за инвестиции за преработка и производство на млеко, месо, живина, овошје, зеленчук, житарици, вино…

 

Платежната агенција објави нов оглас за средставата од ИПАРД 2 програмата. Сите земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат за инвестиции за преработка и производство на млеко, месо и нивни производи, вклучувајќи јајца и живина, потоа овошје, зеленчук, житарици и вино, можат да ја испратат потребната документација за аплицирање на повикот.

Заинтересираните ќе може да набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи од растително и животинско потекло, како и да градат нови или реконструираат постоечки објекти и производствени капацитети,  за унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на европските стандарди.

Барањата се доставуваат до платежната агенцијата, а средстават се обезбедени од ИПАРД 2 Програмата.

Барателите ќе можат да аплицираат за поврат на 50 проценти од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.

Целта е да се создадат услови за развој на малите и средни претпријатија како важен фактор за раст на домашната економија и пласман на домашните земјоделски производи во странство.

Последниот ден за поднесување на барањата е 11-ти февруари 2020-та година.

Би можело да ве интересира

Почина Горан Гаврилов, сопственикот на “Канал 77“

(ВИДЕО)Талеска: Во Македонија потребен е етички кодекс за научно-истражувачките процеси

Пела Редакција

1000 ученици и професори од ООУ „Климент Охридски“ со перформанс им оддадоа почит на ангелите од Кочани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе