0.8 C
Прилеп
вторник, 24 декември, 2024
Пела Радио

Димковски: Просечната субвенција за тутун ќе биде 75 денари за кгр

Во посета на прилепскиот Тутунски Комбинат, на увид на откупот на тутунот, денеска беше министерот за земјоделство Трајан Димковски, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Советот на Општина Прилеп Миле Талевски. На средбата со новинарите во централниот откупен пункт во Тутунски Комбинат министерот укажа : земјоделците навреме да ги ажурираат парцелите на своите земјоделски стопанства, зашто од годинава нема да се приложуваат „бели картони“.
– Близу 80 отсто од вкупниот планиран откуп од вкупниот планиран тутун е откупен. До денеска се откупени вкупно речиси 20 милиони кгр со кои е постигната просечна откупна цена од 222,5 денари од кгр. Тоа во пари значи 4,3 милијарди денари, од кои што 4, 1 милијарда веќе се исплатени. Очекуваме до крајот на откупот да бидат преземени уште 4 до 5 милиони кгр тутун, зашто според договорите се 26 милиони кгр. Откупот ќе продолжи според планираната динамика на секоја компанија и нивните обезбедени финансиски гаранции. Бидејќи субвенциите ќе се исплаќаат според класите ( 80, 70 и 60 денари), досега од анализата на преземениот тутун над 35 отсто спаѓаат во највисоката субвенција од 80 денари за кгр, така што во просек субвенцијата ќе изнесува 75 денари за килограм во просек, потенцираше министерот за земјоделство Трајан Димковски.
Тутунски Комбинат АД Прилеп откупната кампања ја реализира со планираната динамика. Генералниот директор Кирил Станкоски ги демантираше шпекулациите дека Комбинатот во одредени населени места ги затворил откупните пунктови 20 денови.
– Изјавата на заменик дополнителниот министер беше дадена со цел да се создаде несигурност меѓу земјоделците, Комбинатот откупната 2019 година ја заврши на 31 декември. Кога видовме дека имаме откупено 80 отсто од планираните количини, одлучивме да ги поврземе 2 ри и 3 ти јануари со божичните празници. Сите откупни пунктови се отворени и сите ваги работат под полна пареа, рече Станкоски.
Се’ што е договорено, компаниите ќе го откупат, додека преземањето на дополнителните количини до 10 отсто, ќе зависи од интересот на откупувачите, од нивните гаранции. Ресорниот министер потенцираше дека во понеделник во министерството ќе се оствари средба со компаниите на која ќе стане збор за досегашната реализација на откупот.
Интересно е што тутунарите реагираат дека линијата на откупот е ниска, во споредба со стартот на сезоната, но директорот на Државниот инспекторат тврди дека нема ниту една пријава за второстепената комисија да реагира.
– Досега до второстепената комисија нема поднесено ниту еден приговор. Постои одредено тактизирање. Дали компаниите се договараат, не верувам во тоа, бидејќи цената досега е највисока. Се работи сепак за пазарна економија, инспекторатот процедурите може да ги контролира. Доколку некој е незадоволен може да поднесе жалба, до денеска до 9 часот нема ниту една претставка, рече Шапуриќ.
И претседател на Сојузот на земјоделски здруженија Менде Стомнароски рече дека немало забелешки до поверениците во однос на линијата на откупот.

Би можело да ве интересира

Една третина од буџетот ја чини сивата економија во земјоделството

Пела Редакција

Намали тутунската откупна динамика, досега преземенo 65 отсто од производството

Комбинатот да преземе дополнителни 700 тони вишок тутун, укажа Владата

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе