8.7 C
Прилеп
петок, 8 ноември, 2024
Пела Радио

Онлајн петиција :„Стоп за пушењето во затворен простор “

Онлајн петиција  е пуштена од вчера со КОЈА се бара повторно да се врати во функција законот против пушење во затворен простор.Таа за два дена веќе има собрано над 5.000 потписи. Граѓаните бараат да се врати законот за ЗАБРАНА за пушење во затворен простор

„ Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!“- пишува на петицијата.

Иницијативата е поради непочитувањето на постојниот Закон за заштита од пушење, во рестораните, кафетериите, кафулињата итн…, чии измени беа направени по предлог на група пратеници од СДСМ во 2018 г.

(потписниците и текстот на измените може да ги видите во:  предлог на закон за изменување на Законот за заштита од пушење ,) и во  Член 2 се  вели:

Во членот 3 ставот 1 се менува и гласи: „ Се забранува пушењето во јавните простории од членот 2 на овој закон . Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично).“  – од  ПРЕДЛОГ-ЗАКОН за изменување на Законот за заштита од пушењето, по скратена постапка

Иако, закон за заштита од пушење е во сила, одамна граѓаните се во дилема дали има никакви промени и што е изменето со новиот закон – „може да се пуши цигари во затворен простор или неможе?!

Би можело да ве интересира

In memoriam: Почина Атина Апостолова, доајенот на македонската народна музика

Атлантис на Витаминка се облече во розово за охрабрување на жените во борбата против рак на дојка

Пела Редакција

Излезе новиот кавер на Божидар Николовски “ Fly me to the moon”

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе