17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Консолидиран Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година

Советот на Општина Прилеп денеска ја одржа 38 итна седница со единствена точка на дневниот ред Усвојување на буџетот на Општина Прилеп за 2020 година.
Имено, по забелешките од Министерството за финансии, или поточно – одделението за буџети на локалната самоуправа, денеска, Буџетот на Општина Прилеп „преживеа“ одредено прекројување или консолидација. Станува збор за формалност околу планираниот трансфер од Јавното претпријатие за државни патишта за реализација на годишната програма, во делот на реконструкцијата на патниот правец Прилеп – Волково.

– Проблем беа 9 милиони денари планирани како трансфер од Јавното претпријатие за државни патишта во лимитот над 3 годишниот просек. Согласно мислењето и насоките од министерството пристапивме кон забелешките и при тоа извршивме усогласување на сопствените приходи на основниот буџет и тие забелешки ги вградивме во дополнителниот материјал што беше доставен на разгледување на советниците, изјави Драге Звездакоски, раководител на сектор за финансиски прашања на Општина Прилеп. .
Советот на Општина Прилеп денеска го изгласа консолидираниот Буџет, кој што изнесува 1.523.107.000,00 денари. Од нив, Основниот буџет е проектиран на 669.041.000,00 денари, односно точно во границите на дозволениот лимит.
Инаку, првиот предлог буџет на Општината, Советот на Општина Прилеп го подготви на 6 ти декември 2019 година. Во таа форма, со неколку амандмани буџетот беше усвоен на 26 ти декември.

Би можело да ве интересира

Нулта толеранцина – Нема оправдување за насилство врз жените

Елизабета Филипоска

Еден новозаболен во Прилеп, од вкупно 156 во Македонија

Гордана Цветаноска

Во пресрет на ИЛИНДЕН македонската коњаница во Кривогаштани

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе