1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Прилепските прочкари повторно се закитија со награди на карневалите

На карневалите во Мокриево и Куратица кои традиционално се одржуваат по повод празникот Василица, членовите на двете прилепски здруженија, „Преродба“ и „Прочкари“викендов освоија вкупно четири награди.
Негувајќи ја традицијата, здружението „Преродба“ за празникот Василица, учествуваше на два карневала: на „Странчинарски игри“ во сeлото Мокриево и на карневалот во селото Куратица, каде членовите на здружението се претставија со маската „Вдовиците од мртовечко сокаче за Прочка“.
Во Мокриево „Преродба“ освои посебна награда, бидејќи тоа беше единствена возрасна група, додека во охридското село Куратица за истата маска освоена е трета награда за групна маска.
– Нашата групна маска ја сочинуваа 5 членови од здружението. Наградите се сатисфакција за вложениот труд, вели Лилјана Ѓорѓиоска од здружението „Преродба“.
Здружението за зачувување на традицијата и културата „Прочкари“ како редовен учесник на карневалите во земјава и на слични манифестации што се одржуваат во соседните земји, по правило се враќаат со награди. Таков беше случајот и од последното нивно учество на карневалите во с.Мокриево и с.Куратица каде освоија прво, односно второ место.
И на двата карневала групата се претстави со маската „Астерикс и Обеликс“. Екипата брои 30 членови, а учеството на карневалите е со поддршка на Општина Прилеп Здружението „Прочкари“ досега има освоено повеќе од 20 награди на карневали во земјава и во странство.

Би можело да ве интересира

Акатист пред чудотворната икона на Св. Никодим Тисмански-Прилепски

Елизабета Филипоска

СТУДЕНТСКО ЛЕТО ПОВТОРНО ГИ СОБИРА НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ ПЕЈАЧИ ОД ЕКС ЈУ РЕГИОНОТ

Пела Редакција

Со изработка на мурал во центарот на Прилеп продолжува АКТО Фестивалот за современи уметности 2020

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе