11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Се крчкаат „Солунски патрдии“ во Театар „Чин 4 Сцена 5“- парите од влезници за хуманитарни цели

Театарот „Чин 4 Сцена 5“ се подготвува за нова театарска престава, култната комедија „Солунски патрдии“, која е планирана премерно пред прилепската публика да биде изведена на 17 –ти март, во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков„.  За оваа година предвидени се да бидат одиграни 10 претстави на „Солунски патрдии„, а дел од собраните средства да бидат повторно дониран., како што постојано оваа училиште за театар го прави во извминатите години со прикажување на своите престави .

На радост на публиката, интересно е тоа што преставата ќе го има оригиналниот текст, сценографија и костимографија, односно ќе  ја заджи традиционалната верзија и нема да има додатоци од современи елемнти, што би било убаво, и за уши, и за очи.

 

„Претствата нема да биде со современа визура затоа што според мене тоа би било сквернавење на текстот, бидејќи јас лично Миле Попоски, кога станува збор за комедијата, го сместувам помеѓу големците како што се еден Чехов, еден Шекспир. Бидејќи тоа што тој успеал да го напише и ден денеска останато како трајна вердност на културата. Јас за жал гледав една современа поставка на „Солунски патрдии“ и навистина ми се гадеше. Но, тоа нема да го дозволиме тука“,  раководител на Училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“, Саша  Нацевски.

 

Не помалку значајно во реализирањето на оваа идеја е што преставата има и хуманитарна нишка . Собраните средства ќе бидат донирани,но од Театар „Чин 4 Сцена 5“, сеуште немаа одлучено кому ќе му бидат донирани. Минатат година средствата од прествата , комедија  „Викенд на мртовци“ беа  донирани во дневниот центар „Ѕуница“. Со нивна донеција беше изгрдена и пристапна рампа во театарот “Војдан Чернодринки“ , но остана не реализирана желбата за поставување на лифт за хендикепирани лица во домот за култура „Марко Цепенков“, иако лифтот бил половина платен.

„Лифтот за хендикепирани лица во домот за култура „Марко Цепенков“ не излезе бидејќи целата инвестиција во Центарот „Ѕуница“ беше 40% поголема отколку вкупната сума собрана од картите. Ние ја направивме таа донација која чинеше 9.500 евра. Но, сега  прво ќе видиме на кого му е најпотребно па тогаш ќе донираме. Сепак тоа ќе биде некоја видлива, физичка донација. Не се откажуваме од идејата за лифт, кој инаку е половина платен, но за да се реализира таа идеја чекаме расположение за соработка од другата страна. Само би кажал дека за да има договор треба да има расположение за соработка од двете страни. И, покрај нашите донации и активности во хумани цел ние сме третирании како аутсајдери во заедницата“ – нагласи  Нацевски.

Инаку, училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5“ од своето 13 годишно постоење имаат одржано 75 премиери и  има донирано над 2 милиони денари во хуманитарни цели.

 

 

Би можело да ве интересира

Вечерва концерт на Танец и изложба на Темков во Прилеп

Гордана Цветаноска

Во Цепенков изложба на големите јапонски мајстори за дрворези

Пела Редакција

Театар во Крушево – за “замокот” каде не прогонуваат “духовите” на системот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе