11.2 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

Жена почина во пожар во Прилеп

Во пожар, во куќа во Прилеп,една жена почина, а две успеале навреме да се евакуираат. Пожарот избувнал изутринава, околу 8.30 часот на улицата „Никшичка“ број 10, а жртва е 72 годишната прилепчанка со иницијали О.С. Пожарот започнал од просториите на приземјето, а ќуќата имала уште 2 други ката. Жената којашто починала во моментот на пожарот се наоѓала во подрумот. ТППЕ Прилеп интервенирале со 4 возила и 11 пожарникари.
-Пожарот беше веднаш изгаснат, но жената беше почината. Успеавме за само неколку минути по пристигнувањето да спасиме уште 2 други жени од вториот кат со помош на пожарникарски скали, вели Пецо Димоски, командир на смена во ТППЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец си турил гориво со фалсификувани пари и си заминал

Елизабета Филипоска

Пронајдена дрога, приведени дилери во Прилеп и Битола

Гордана Цветаноска

Измама! Градежник си ги зел парите, а не ја завршил работата

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе