13.9 C
Прилеп
среда, 16 април, 2025
Пела Радио

Превенција од корона – спортските натпревари без публика!

Не е одложен почетокот на пролетната сезона во водечките две фудбалски лиги, но и натпреварите од кошаркарското и ракометното првенство која што ќе започне викендов . Иако предлогот на министерот за здравство Венко Филипче   до Владата утрово  бешед се забранат сите големи јавни собири на една недела, без разлика дали се на отворен или затворен простор вклучувајќи ги и спортските натпревари.

Според натпреварувачкиот календар, викендов, Победа ќе настапува на првиот дуел од пролетната сезона во Крушево, во рамките на Втората фудбалска лига исток. Ракометарките на ЖРК Деспина гостуваат во Куманово, а во Прилеп викендов, за утре, сабота, е закажано Државното првенство во борење за сениори и кадети.
Владата на денешната седница препорача сите спортски манифестации да се одржат без публика, за период од една седмица, односно до 6 ти март, како превентива од ширење на корана вирусот во Македонија.

Владата им препорачува на организаторите на спортските настани, натпреварите во утврдениот период до 6 март да се играат без публика.

Истата препорака на Влада се однесува и на сите други поголеми забавни и културно-уметнички манифестации.

Би можело да ве интересира

Заедничко 8-мо мартовско пладне со музика, медењаци и уметност, во организација на ЛАГ Агро Лидер

Пела Редакција

Парите и храната за „Тримири„ донирани – за хуманоста на „Преродба“

Елизабета Филипоска

Белиот Сивец мермер сеуште највисоко котира по својот квалитет во светот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе