11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Работилница за зајакнување на капацитетите на медиумската писменост

Зајакнување на капацитетите за медиумска писменост, известување на заедницата и проверка на факти, беше тема на дводневната работилница, како дел од проектот „Дебатно, против „медиска“ неписменост„,  на кои активно учествуваа 10-ина млади луѓе од трите општини: Прилеп, Кривогаштани и Долнени.

 

 

Младите имаа можност да се едуцираа како да ги препознаваат лажните вести,  да ги препознаваат настаните во опшествената заедница кои им се корисни, да се информираат правилно за да градат, свое, критично мислење и јавно да говорат за тоа.

 

 

„Во време на наплив од информации, младите треба да се свесни за ризиците со кои секојдневно се соочуваат, треба да научат да ги препознаат медиумските манипулации и да станат информирани корисници на веродостојни извори на информации“ – нагласи Мартина Билјаровска, координатор на проектот.

„Неинформиран граѓанин – мирно море. Информиран граѓанин – потешко општество. Кое би го преферирале вие како свесна младина? Дали не би сакале да го искажите своето мислење и тоа да биде уважено? Но, најпрво, треба да препознаете што е правилно, а што не,за да можете да градите критичко мислење“- потенцира новинарот, Горан Величковски.

 

„Здравиот хумор полека се губи кај новите генерации. Самопочитувањето е важен момент кога нешто јавно искажувате. Ако човек не се почитува себеси, како да го почитува другиот?! Што се случува со човекот кој пласира лажни вести?! Со лошите објави, не девалвираш никој друг, освен себеси како личност. Самопочитувањето не е егоизам, туку е чувство за одговорност“ – истакна професорката по македонски јазик, Билјана Тинтоска.

„Mедиумите и новинарите се трудат да ја доближат информацијата до граѓаните. Во ова брзо дигитално време, сите сме носители на информација. Меѓутоа, јавно искажаниот збор е одговорна работа, а колку од медиумите и новинарите се одговорни, останува на вас да препознаете“ – посочи новинарот, Елизабета Филипоска од  Радио „Пела“.

Работилницата е дел од проектот Дебатно против „медиска“ неписменост, кој го спроведува АГТИС во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и Евротинк – Центар за европски стратегии.

 

Би можело да ве интересира

🚲Вело тура за култура на 20 октомври-четврто издание

Пела Редакција

Детски вело-приказни за подобра и поздрава иднина

Елизабета Филипоска

Одбележан Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе