0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп со нови позасилени мерки за заштита .Новинарите под маска. Парични казни за прекршување на самоизолацијата

Согласно препораките од Владата и Министерството за здравство за превентива од  коронавирусот,  Општина Прилеп од денеска  постави и нова бесплатна тел. линија 070 00 210 , кои во функционира на кол центарот, ќе работи за помош на старите изнемоштени лица и хронично болни во набавка на храна и лекови.

Во функција на граѓаните се ставени и три нови тимови од Здравствениот дом Прилеп , кои ќе помагаат при повик на граѓаните , доколку имаа потреба од здравствена помош.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/798290237329107/

Изјава на градоначалникот, Илија Јованоски, во целост

 

И, ОО на Црвен Крст – Прилеп ќе работат заеднички на помош на стари и изнемоштени лица во дистрибуција на непходни прехранбени и други производи,со акцент на социјално загрозените категории граѓани.

“Засега нашата помош ќе се состои во дистрибуција на храна и лекови за лицата во самоизолација, но од социјалната категорија граѓани . Тоа се нашите капацитети. Доколку, има донатори на храна, средства за хигиена и лекови, ние би помогнале во складирање и дистрибуирање до социјално загрозените семејства во Прилеп , во координација со Центарот за социјални работи и кооперативното тело . Нашиот кол центар, 048 424 710 ќе работи од 10,оо до 14,оо ч.“ – истакна,  Катерина Кочоска, од ОО на Црвениот крст -Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски,  нагласи дека во спорведувањето на мерките проти пандемијата, континуирано е извршена дезинфекција во градинките, домот за стари лица, училиштата, улиците во централното градско подрачје… А, во текот на деновите ќе се дизинфицираат и влезовите од институциите: Здравствен дом, Центар за јавно здравје, Домот за стари лица…

„Упатувам апел грѓаните , да ги почитуваат мерките и препорактеи од Владата  и Министерството за здравство, а најранливите категории, ги охрабувам да ги користат линиите за помош.„-рече градоначалнкот

Градоначалникот, ги пофали одредени компании кои доброволно се вклучија во помагање во оваа здравствена криза . Компаниите Гифти Текс,  Кули кои веќе произведуваат заштитни маски и кои 1000 маски од нивното производство веќе се распределни за лицата по институциите,  како и пофалба, како пример, за  поттикнување и на други копмании, до компанијата од Битола, која извршила дезинфескција на холовите во општината.

На деншната прес конференција и новинарите беа тестирани дали имаат покачена температура и добија зашитни маски и ракавици.

“Инаку, оние кои дошле од ризични земји и потпишале изјави, да ја почитуваат самоизолацијата. Во спротивно ќе бидат санкционира  според здравствени прописи за време на епидемија. “-рече, градоначалникот Јованоски

Засега, 71 лица во Прилеп се во самоизолација,  а полицијата поднесела  4 кривични пријави за прилепчани кои не ги почитувале мерките за забрана за време на епидемија, односно не ја почитувале самоизолацијата.

Би можело да ве интересира

Извидниците од Прилеп со нов проект – „Извидничко движење за подобар свет“

Гордана Цветаноска

Во Прилеп спроведена обука на негувателките од градинките во регионот

Пела Редакција

Домаќинското работење донесе заштеди за Општина Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе