0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Општина Прилеп со сет економски мерки за помош на малостопанственици

Во висина од 13 милиони и 200 илијади денари, се намалуваат дел од обврските на малостопанствениците, за месец април и мај : угоститли, занаетчии, закупци на тезги…

Денеска Советот на Општина Прилеп донесе сет мерки:  намалување на комуналните такси за фирмарина од 6000 ден. на 4000 ден. и надоместок за користење на преден дел од деловн просторот, од 15 ден. на 5 ден. како  и намалување на рекламни објави на јавни места .

Закупците на тезги во пазарот и закупците на деловнен простор од ЈКП Пазари се ослободени од плаќање на закупнина  за месеците  април  и мај . Правните субјекти од реонот на старата чаршија  и самостојните занаетчии се осободени од надоместокот за комунален отпад  .ЈКП „Комуанлец“, ги ослободи од плаќање и  самохраните родители вработени во  ЈКП „Комуналец“ и корисниците на социјална помош од плаќање на овој надоместок.

Нема да се исплајќаат ниту регресите и дневницте за служебни патувња на лицата вработени во ЛС и во ЈКП  за 2020 година.

Советниците еднголасно ги прифатија овие предлози  ,а Советот на Општина Прилеп ги одби предлозите кои предходно ги имаше доставена советничката група на ВМРО ДПМНЕ , поврзани со сет мерки за помош на занаетчиите, трговците угостителите…Меѓудруготео тие побараа и општината и ЈКП да ги стопираат привремените вработувања , и тие средства, оптината  да ги намени за други потреби во согласнот со здравствената криза. Барањата се однесуваа и за исклучвање на непродуктивните трошоци на ЛС и намалување на користењето на јавниот превозен парк,но небеа како предлог мерки одобрени на денешнат Седница на Советот на Оптшина Прилеп

 

 

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Откупот привршува, следуваат подготовки за измени во Законот за тутун

Пела Редакција

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на Плетвар

Гордана Цветаноска

Од утре забрана за користење најлонски кеси за пазар и казни за прекршителите

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе