9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Еден новозаболен во Прилеп, од вкупно 156 во Македонија

Од направени 1.227 тестирања, за изминатото деноноќие регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19, информираат од Институтот за јавно здравје. И денеска најголем број – 100 се од Скопје, додека од Прилеп е регистриран 1 новозаболен од корона вирус. Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, оздравени пациенти  1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735.

Во Прилеп се вкупно активни 17, од досега регистрирани корона позитивни случаи 230 од почетокот на пандемијата до денес.

Би можело да ве интересира

Ќе се промени сообрајќанот режим на патот Прилеп-Битола од 11-ти декември

Елизабета Филипоска

И комерцијалните, и бесплатните вакцини против сезонски грип се достапни во Прилеп

Гордана Цветаноска

Крушево се штити од коронавирусот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе