30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп, попладне 16,10 часот- редица без ред

Редица  луѓе чекаа пред банката во центарот на градот доцна попладнево. Нам не изненади  долгиот ред луѓе , кои, навистиана во овој, попладневен период од денот што изминува, е невообичаен пред банка.  Не ги прашавме граѓаните зошто се наредиле во овој ред и која услуга им е потребан од банката?Зошто чекаат пред влезот?  Што е целата да стојат тука во ред со часови ? Тоа е нивна работа. Но, едноставно и не сакаме и ние да се изложуваме на ризик и да се доближуваме до групата, поради  пандемијата. Но,  пред влезната врата на банката,  беше  и уште потешко да се дојде , зашто таму, веќе луѓето беа во куп.  А,  меѓусебните кошкања и караници, особено пред влезот, по некоја пцовки и навреди, нервозни лица и уморни фаци, беа евидентни.

Топлото време, долгиот ред и чекањето , веројатно со часови ,  со право создал нетпреливост меѓу луѓето, кој чекаат пред банка во ред …Кој  со заштитна маска, кој без маски , без држење на вообичаеното растојание и дистанца, но и  без можност тоа да го  направат, поради бројноста …

Вака,  денеска,19 јуни , во 16 ,10 мин , беше во центарот на Прилеп!

Би можело да ве интересира

СЕ БАРААТ ШИВАЧИ ВО ТЕКСТИЛНА ФАБРИКА ЗА ИЗРАБОТКА НА ОРТОПЕДСКИ ПОМАГАЛА

Пела Редакција

Левица во герила акција на Могилата на непобедените (ВИДЕО)

Штрајк на вработените во ФЗО, во подрачните единици само по едно лице за прием на документи

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе