7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(ФОТО) Сите патишта водат кон Трескавец по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица“

Во манастирот Трескавец, денеска, голем број на верници, пеш по карпестиот планини предел кој го поврзува Прилеп со Трескавец, со автомобили, велосипеди, мотори, моторцикли, по асфалтираниот пат, изграден пред неколку години (2013 година), се упатија кон манастирот Трескавец,  и млади и стари, да го допрат чудесниот мир, да се помолат за здравје на овој голем христијански празник „Успение на Пресвета Богородица„, патрон празник на манастирот, чија црква во средишниот двор, го носи името на Упокоението на Мајката Божја .

 

На влезот од манастирот, верниците, без турканици го посетуваат старото светилиште, поставено  на 1300 метри надморска височина, со голема прегледност над Пелагонија. Во манастирскиот дворот, ред, едни влегуваат – други излегуваат, отстапувајќи им место на новодојдените, а пред малата петвековна црква, во ред еден по еден, влегуваат сите добронамерници да се поклонат пред иконата на Мајката Божја. кој го означува нејзиното Упокоение,  поставена во центрлниот дел на црквата.

Прилепчани од памтивека веруваат дека манастирот Трескавец е нивниот духовен извор и заштитник, место   со посебна енергија и смирение. И,затоа со почит и во чест на празникот,мало и старо се забрало да се поклони на Богородица, пред иконата на Успение на Пресвета Богородица.

Инаку, Голема Богородица или Упокојувањето на Мајката Божја е еден од најголемите христијански празници.  Самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави смртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта. Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не поминала низ смртта како враќање на правот на правот.

Ден на Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица  28 август, е прогласен за неработен за православните верници.

 

Би можело да ве интересира

АЛАРМ ЗА ПОМОШ НА ШЕСТМЕСЕЧНАТА БИСЕРА ОД ПРИЛЕП

Замрзната слика на (не)чисти улици

Елизабета Филипоска

Преродба: „Бадник се слави со посна трпеза и со многу радост во очекување на раѓањето на Спасителот“

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе