2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Запени прилепската фонтана

Прилепската фонтана во центарот на градот , вечерва , изгледаше прилично „пенасто„ .Не само од жуборот на водата, туку некој баш добро ја запенил. Боите на светилките само го надополнија вечерашниов необичн изглед на фонтаната пред Комерцијална банка, која вечерва, посебно го привлече вниманието на прилепчани .

На социјалните мрежи веднаш осамнаа повеќе фотографии кои  ја прикажауваат ,,фонтана во пена” .

Очигледно некој сакал да биде интересен, да се пошегува или да се поигра. Но, ова, сигруно ќе им создаде дополнитална работа на овие кои ја одржуваат фонтаната. Некој на ова , се насмеа, некои го осуди чинот на ставање средство за создавање пена, а некои го нарекоа ,шоу, „пена парти“ и ги поканија остантите да дојдат на забава во Прилеп.

Како и да е еднао е сигурно после ова ќе следи темелно чистење на фонтанта и ќе има револтирани. Но, се чини дека прилепските фонтани, некако, деновиве и немаат среќа да изгледаат како фонтани.

Неодамна, се појавија фотографии и на “скокачката“ фонтана пред ЦК Марко Цепенков, која наместо да потскокнува во нејзиниот ритам, таа ,пак, со друг проблем – „беживотно“ подрипнува само мијаќи ги плочките.

Би можело да ве интересира

ПОПИС 2021: Прилеп „падна“ под 70 илјади жители, а Скопје „порасна“

Гордана Цветаноска

Руската амбасада го одбележа Денот на сеќавањето во Прилеп

Гордана Цветаноска

Нема карантин за први мај, слободно движење во петок, сабота и недела до 14:00 часот !

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе