25.6 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Светски куп во летање со дронови на стадионот кај Могилата на непобедените

На фудбалскиот стадион кај Могилата на непобедените во Прилеп на 13 и 14 септември 2024 година  ќе се одржи веќе традиционалниот меѓународен натпревар во летање со дронови, Светскиот Куп „Феникс Дрон Рејсинг“.
Ова е еден од 14 те натпревари во светот во кој учесниците се борат за титулите во генерален пласман. Натпреварот се одржува од 2017 година.
Оваа година ќе настапат 26 учесници од 8 држави и тоа од Кина, Хрватска, Чешка,
Унгарија, Србија Бугарија, Турција и Македонија.
Во сабота (14.09.) тренинг и квалификационите летови ќе се реализираат во периодот од
10.00 до 17.00 часот а во Недела (15.09.) ќе се лета за квалификации и пласман, а летовите ќе се одвиваат во периодот од 09.00 до 15.00 часот.
По завршување на натпреварот ќе бидат прогласени победниците.
Со поддршка на Македонскиот Олимписки Комитет обезбеден е директен пренос од
квалификациите, елиминациите и финалните летови, кои ќе се реализираат во недела.

Би можело да ве интересира

ОК ВМРО ДПМНЕ: Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите

Сликовница „Иван и Илина“ за надминување на стереотипите према децата со попреченост

Четири нации, четири градоначалници го славea мирот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе