16.1 C
Прилеп
петок, 9 мај, 2025
Пела Радио

По шест месечна пауза продолжуваат пробите во Народниот театар „Војдан Чернодрински“

По повеќе од 6 месечна пауза во театарот „Војдан Чернодрински“ продолжуваат пробите за претставата „Каменот“ кои беа прекинати заради пандемијата. Актерите работат според сите протоколи за заштита од корона вирусот. Режисерката Кристина Димитрова вели дека е задоволна што конечно продолжуваат пробите на овој проект.

„Каменот“ е текст напишан од Мариус фон Мајенбург во 2008 година. 

– Приказната не е раскажана хронолошки линеарно, односно се преплетуваат годините 1935, 1945, 1953, 1978, и 1993 со што се доловува текот на мислите, моментот кога меморијата се испреплетува и годините сами се појавуваат по асоцијација. Приказни за модерна Германија, раскажани во жанр капиталистички реализам. Ликовите се соочуваат со спомените од фашизмот и комунизмот. Минатото колку и да сакаат да го закопаат, не можат. Испливува како грижа на совест, преку ликовите од минатото. Каменот е откопан. Сега се поставува прашањето што понатаму откако ќе се соочиме со злосторствата од минатото? На која основа идните генерации ќе го градат свој идентитет? – вели режисерката Димитрова.

Во претставата Каменот ќе играат Наташа Ачански, Катерина Чакмаковска, Димитар Ѓорѓиевски, Марија Димитрова, Јасмина Мицовска Станкоска и  Илија Волчевски.

Драматург е Лидија Митоска Ѓорѓиевска, сценографија ќе ја работи Валентин Светозарев, костимографијата Розе Трајчевска, а музиката е на Томе Темелкоски.

Би можело да ве интересира

Прва самостојна ликовна изложба на Елена Чагороска „Од мојата ризница-со љубов“

Премиерно утре во театар, драмата „Светулки“

Елизабета Филипоска

Стартуваше театарскиот фестивал за деца Силјан Штркот во Прилеп (ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе