3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Маски кои неможат да се видат на другите карневали -тоа е „Прочка 2018“,-Прилеп

Прилеп е подготвен за 17. издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2018“,
На карневалската манифестација која што од четврток 15 февруари, па до недела 18 февруари, ќе се одржи во Прилеп, учество ќе земат повеќе од 1.000 натпреварувачи од земјава и странство. Во официјалниот натпреварувачки дел ќе учествуваат групи од градови и општини кои што ги негуваат карневалските традиции. Меѓу нив се: Будва, Бања Ковиљача, Врњачка Бања, Лесковац, Белград, Бол, Шабац, Бела Црква, Корча, Перник, Мокриево, Куратица, Бегниште, Кавадарци, Ратево, Струмица, Радовиш и други градови.

„Прочка 2018“ почнува во петок со изложбата на маски што ги изработуваат учениците од прилепските училишта. A, следниот ден, сабота, учениците до 14 години ќе учествуваат во детскиот карневал, што ќе се одржи на плоштадот во центарот на градот. Во подготовките на детскиот карневал учествуваат сите основни училишта од градот, со своите групни маски и автентична кореографија.

„Во недела, со почеток во 13 часот, ќе се одржи централната манифестација на карневалот. Учесниците ќе имаат свој настап пред жири комисијата која ќе ги избере најдобрите маски по категории кои ќе бидат наградени со парични награди и дипломи што ги доделува здружението „Прилепски мечкари“. Делегација на Европската федерација на карневалски градови, во присуство на претседателот Хенри Ван дер Крон, ќе го следи официјалниот дел на карневалот. За сите официјални гости, карневалската забава продолжува вечерта во 21 часот во ресторанот на хотел „Липа“. Карневалот има своја туристичка димензија, затоа ги поканувам сите љубители на карневали, маскенбали и забава со маски, да уживаат во забавата што ја нуди годинешното издание на „Прочка 2018“, рече градоначалникот Јованоски.

Претседателот на здружението „Прилепски мечкари“, Ванчо Ѓорѓиев, вели дека во Прилеп работат и други групи кои спремаат современи маски од прилепското поднебје.

„Паралелно со нашите „Прилепски мечкари“ работат уште неколку други групи, кои 16 години наназад спремаат современи маски од работата и животот на граѓаните од Прилеп и Прилепско. Оваа година премиерно ќе се прикаже една таква маска која подолго време ја спрема здружението „Прочкари“, каква што досега не е видена на овие простори. Во оваа прилика ги поканувам сите прилепчани како и граѓаните на Република Македонија да го проследат карневалот со кој Прилеп станува европски туристички бренд.Ние сме единствени во Македонија каде има спој на стари маски кои ги негуват во Прилеп и Прилепско ,како што е маската “Мечкари“,кој сепознати со векови ,а радува тоа што подмладокот и изготвува современи маски,кои маски неможат да се видат на другите Балкански и Европски карневали“ истакна Ѓорѓиев.

Карневалот започнува на 16-ти февруари со изложбата на маски, која ќе се постави во НУЦК „Марко Цепенков“ неколк у дена пред карневалот.На оваа изложба учествуваат сите училишта – основни и средни со свои креации претходно селектирани од наставниците по ликовна уметност. Детскиот карневал за учесници до 14 години ќе се одржи на 17 февруари, на кој што учество ќе земат ученици од основните училишта од Прилеп со свои групни маски проследени со соодветна кореографија и музика, додека меѓународната поворка за возрасни , ќе се одржи на 18. февруари, каде се планира и учеството на групите од средните училишта.

Би можело да ве интересира

Корoнавирусот ги затвори фризерските и козметичарските салони – бараат мерки за зачувување на бизнисот

Елизабета Филипоска

Прва светска војна-Македонците се бореа во три туѓи војски, а најчесто беа роднини и пријатели

Пела Редакција

Прилеп доби полицајаци на точак

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе