Нема да се одржи Бадниковата поворка која се организра во пресрет на Божиќните празници. Поради опасноста од ширење на заразата, Македонската православна црква (МПЦ) ги откажа бадниковите поворки, но и други божиќни прослави каде традиционално секоја година има голем број верници.

Свештените лица препорачуваат децата утре, рано наутро да останат дома, а манифестацијата „Бадникови поворки“ годинава нема да се одржи – велат од храмот Св.Кирил и Методи, од каде тргнуваше поварката деца секој 6 јануари, носејќи ја божиќната пештера и најавувајќи го Христовото раѓање. Од црквата повикуваат верниците на 6 јануари, точно во 12 часот, каде и да се наоѓаат да запрат за миг и да се помолат за подобра година за сите и силно да ја запеат Божикната песна.

„Овој пат, околностите не дозволуваат да организираме Божикна манифестација, ниту да се собираме и формираме поворки, но ништо не не’ спречува да ја пееме Божикната песна погласно од било кога“- рече отецот Веле, од прилепскот црковен храм „Св.Кирил и Методи“
Во меѓувреме, дечињата на поинаков начин ќе го одбележат Христовото раѓање. Имено, тие изготвуваа честитки со пораки, кои на 6-ти јануари, ќе им бидат доделни на дечиња кои престојуваат во прилепската болница, но и на болните лица и медицинските лица при инфективното одделенија во Прилеп, за љубов, надеж, утеха, благодарност и добра желба, заедно со собраните средства кои се донираа.

Божиќните честитките, изготвени од имагинацијата на децат,а беа оставани на означени пунктови за собирање БОЖИКНИ ЧЕСТИТКИ поставени крај Божикната пештера.

Инаку, за православните христијани утре е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството! Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. И, останало од памтивек “Кај и да се пред Божиќ,зад Божиќ, дома да си! “