За да го разгледате Хум не ви треба многу време, ако е еден час сигурно дека ќе ви биде час за незаборав. Но вреди да потонете во бајката на овој средновековен град, да се прошетате по калдрмните улици и да ја допрете културата меѓу ѕидините.Ете тоа е Хум , градчето кое крие магична животна приказна за оние кои дишат за нивното неверојатно , најмалото градче на балканот но и во светот.

И покрај тоа што во денешно време скоро се е насочено кон големите градови и метрополи сепак доживувањето да се прошетате низ Хум е бесценето и чини многу повеќе отколку еден час или ден низ некој голем град. Тоа е така затоа што само овде ќе дознаете дека 20тината луѓе кои живеат се радуваат на легендата дека нивниот дом е изграден од камења , останати од изградбата на големите градови по долината на реката Мирна.

Населението е само од 20 луѓе, дали поради традицијата или чисто од политичко ниво, но ритуалот по избирање на префект за една година е сеуште жив. Сите мажи од парохијата се собираат на локален парламент, општински совет, и селото го избира префектот. Изборот зависи од резба! Чудно но вистинито – оној со најдобро извајаната дрвена прачка е новиот градоначалник. И така, секоја година, следниот префект го превзема стопанисување на малиот замок град. Внатре во зачуваните ѕидови има две улички со три реда куќи и многу романтика. Денес Хум е прилично град-споменик, кој сведочи за урбан развој во рамките на ѕидините.

Хрватски Хум е познат како најмалиот град во светот, местото е популарно и со пијалокот “biska” – бренди, направено од имела по стар рецепт.Во непосредна близина на Хум, исто така има што да ве изненади – ретко живописно село Котли што грижливо ги чува своите воденици и водопади.
