Деновиве во Скопје се одржа изборно собрание на ППФМ, на кое од вкупно со право на глас 34, присутни беа 30 делегати, каде бираа претседател, потпретседател и органи на пингпонгарската федерација на Македонија. Прилепските клубови Младост96, Младост и Полиоспорт дадоа 3 делегати, а со тоа и придонес за изборот на органите на федерацијата. Досегашното раководство на чело со претседателот Горан Тиловски , и потпретседателот Златко Рикалоски , повторно со огромен број на гласови од страна на делегатите добија нов , четиригодишен мандат.

Довербата кон староновотораководство од страна на клубовите , како што велат од федерацијата , е плод на досегашното работење , каде клубовите со овој реизбор го искажаа своето задоволство од водењето на федерацијата како и планот за работа на истата од страна на претседателот Тиловски.

Една од најавените работи на раководството е и изградба на сопствена сала, каде сите репрезентативни селекции би имале свој дом за тренирање и напредок. На изборното собрание како гости беа претставниците на АМС , Огнен Стојановски, и Генералниот секретар на МОК , Сашо Поповски.