16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Кои се условите за добивање субвенции за клими и велосипеди?!

По принципот “прв дојден-прв услужен“ прилепчени и оваа година ќе ја користат можностшто ја нуди општината за субвенционирање на инвертер клими и велосипеди, при купување на клима уред или велосипед.

Вкупната сума, која Советот ја оддели за таа намена, изнесува 5.000.000 денари, од кои 4.000.000 денари за набавка на клими, а 1.000.000 денари за велосипеди. Максималениот износ за доделување на поединечна субвенција, односно надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на
велосипеди и клима уред-инвертори за 2021 година е до 50 отсто од вредноста на купеното грејното тело, но не повеќе од 10.000 денари, како и до 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство.

Правилниците за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање,
односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди и клима уред-инвертери за 2021 година,беше усвен на денешната 54 -та Седница на Советот на општина Прилеп .

Би можело да ве интересира

ФК Победа пред советниците

Здравствен дом Крушево обезбедува пункт за примена на брзи Ковид тестови

Два случаи на фотографирање гласачко ливче, едниот, во Општина Кривогаштани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе