20.4 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Прилеп: Четворица починати, 42 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1.056 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Најмногу има во Скопје – 590, се зголемува бројот во Битола, така што денеска се регистриани 57, а во Прилеп се евидентирани 42 новозаразени, додека во Крушево се регистрирани се 2 нови случаи.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид. Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.

Според епидемиолошки анализи во моментов, во Прилеп има активни 920 случаи, досега од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 6571 позитивни на Ковид 19.

Би можело да ве интересира

„Јас и буџетот на општината“ дебата во Крушево, утре во Кривогаштани

Елизабета Филипоска

Три нови лица од Прилеп,оваа година, заразени со ХИВ/СИДА

Елизабета Филипоска

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе