27.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

За сите играчи задолжителни ПЦР тестови пред секој фудбалски и ракометен натпревар

Со продолжување на рестриктивните мерки за справување со пандемијата на коронавирусот, до 27 април, новина во спортските натпреварувања, сега, е задолжителното тестирање на сите играчи, стручниот штаб и логистиката, пред секој натпревар во фудбалските и ракометните шампионати.

За да нема прекин во првенството, националните федерации, фудбалска и раометна прифатија, на свој трошок да ги покријат задолжителните ПЦР тестови за секоја екипа. Фудбалската федерација на Македонија ќе ги покрие трошоците за ПЦР тестови во Првата, Втората и Женската лига, додека Ракометната федерација на Македонија ќе ги покрие за суперлигашите, прволигашите и женските. Тестовите ќе мора да се направат утре и во петок.

Ова значи дека фудбал и ракомет ќе се игра викендов во Македонија и покрај дополнителните мерки, кои беа донесени на седницата од Владата.

Би можело да ве интересира

Седум инересни моменти на ЗОИ во Пјонгчанг

Џудо клубот Сеишин со празнична завршница на специфичната спортска година

ШАХ: ШЕСТМИНА МАКЕДОНЦИ СЕ БОРАТ СО ЕВРОПСКАТА ЕЛИТА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе