2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Пурдеска : Се гордеам што први како спортисти по осамостојувањето на Македонија настапивме под знамето

Една од највпечатливите личности на град Прилеп долги години е жената која цел живот го помина во каратето како спорт , како активна каратистка , како тренер односно ментор и успешна во делењето на правдата на сите големи натпреварувања , Валентина Пурдеска , вистински амбасадор на Прилеп и земјава.

Валентина Пурдеска е предводник на карате клубот Бонсаи од Прилеп, кој како клуб успешно се натпреварува во земјава но и на меѓународните турнири. Пурдеска вели дека таа е кумот на името на клубот кое име си има и своја симболика. Пред се , вели таа за време на гостувањето во нашата програма во живо, Бонсаи како име на клубот асоцира на женски тренер , клуб кој е “скапоцен ” како дрвцата бонсаи.

СЕГМЕНТ ОД ГОСТУВАЊЕТО НА ВАЛЕНТИНА ПУРДЕСКА ВО ПРОГРАМАТА УБАВ ДЕН НА РАДИО ПЕЛА

За постигнатите резултати , за настапот во репрезентацијата , за борбите на кои Пурдеска ја делела правдата , како и за сите активности поврзани со нејзиниот карате клуб , погледнете во видеото подолу од целосниот разговор кој го реализираше со неа , нашиот колега Зоран Игески

Би можело да ве интересира

Вицешампионска титула за боксерскиот клуб “АС” од Прилеп

Пела Редакција

Овезоски: Учеството на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2020 е од голема важност за Македонија (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Ако обезбеди опстанок – Победа ќе има европски буџет

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе