Во својата фудбалска кариера , прилепчанецот Јорданчо Наумоски секогаш е наклонет на својот матичен клуб и секогаш за својата Победа и покрај тоа што моментно го носи дресот на кавадаречки Тиквеш. Така беше и за време на разговорот во нашата програма во живо. Наумоски ја даде подршката на црвенобелата армија бидејќи знае дека Победа полека ќе се врати онаму каде и е местото , но тој напомена дека Победа треба да игра на градскиот стадион , а не на стадионот на Могила. Жалосно е вели тој да се “кршат” нозете на овие млади играчи кои сега ги поседува прилепскиот клуб на стадион кој не им прилега на нивната кариера во фудбалот.
Сега, популарниот Оцко е член на Тиквеш од Кавадарци а и со својот клуб ќе разигрува за влез во елитното друштво кај нас. Наумоски вели дека слична е подршката на Лозарите за Тиквеш како и на Мајмуните за Победа , со верба , желба , и страст за своите пулени.
За неговата фудбалска кариера но и за многу фудбалски пикантерии заедно со Јорданчо Наумоски – Оцко , погледнете во разговорот со него во целост подолу во видеото.