4.8 C
Прилеп
петок, 7 февруари, 2025
Пела Радио

ДЕСПИНА ИМ ГИ “ДАДЕ„ БОДОВИТЕ НА СТРУЖАНКА

Девојките на Страшо Илиоски, не успеаа на домашен терен да ја совладаат екипата на Стружанка, која допатува во Прилеп со желба да ги освои трите бода во плеј-офот од Женската лига во 8. коло. Иако ракометарките на Деспина во првиот дел од натпреварот имаа водство, сепак Стружанки се покажа посупериорна и на полувреме имаше предност од 10:13 .

Во второто полувреме  Стружанка ја продолжи серијата од  првиот дел и стигна до седум гола позитива, па резултатот по завршувањето на натпреварот беше 20:27 за гостинската екипа.

Во домашниот тим најдобар стрелец  беше Елена Рипилоска со 12 погодоци, а најефикасна во составот на Стружанка беше Магдалена Делиоска со девет гола, а шест постигна Ивана Затуроска.

Би можело да ве интересира

Избрани селекторите на македонското џудо

Елизабета Филипоска

Домашниот терен не обезбеди предност за фудбалерите на ФК Младост 1930

БИТОЛЧАНИ СО 41 ГОЛ ЈА ОТВОРИЈА УНИВЕРЗАЛНA

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе