30.5 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепскиот боксерски клуб „Ас“ реди успеси

Во спортската сала Боро Чурлевски во Битола, во организација на БК „Пелистер 2007 “, викендов се одржа третото коло од Бокс лигата на Македонија.

Боксерскиот клуб „АС“ од Прилеп под водство на тренерот Ѓорѓи Чатлески и секундантот Никола Василески настапи со 4 боксери – Дамјан Талимче, Леонардо Ангелески, Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски.

По правилата на БФМ на ждрепка на право за настап имаа само Ерѓун Бајрамоски и Мартин Алексоски.

Нашиот боксер Мартин Алексоски издвојува победа со ТКО во првата рунда против Ертан Али од БК Тернипе Скопје, а Ерѓун Бајрамоски со убедлива победа од 3:0 го победи Филип Момировски од БК Алексо Огненовски Охрид. Ова е голем успех на нашиот клуб и го држиме второто место во младинската бокс лига на Македонија, пред нас е Шкендија Но Лимит. Имаме уште 5 кола пред нас и се надеваме на прво место оваа година. Минататa година бевме на второто место после БК Баргала Штип, вели тренерот Ѓорѓи Чатлески.

РЕПОРТЕР: НИКОЛА ДИМЕСКИ

Би можело да ве интересира

Деспина се врати со пораз од Ѓорче Петров, но и со одлично изиграно второполувреме

На „Могила„ Светски Куп во летови (натпревари) со дронови

Џудо клубот „Пролетер“ со новогодишна забава ја заокружи 2025

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе