11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Честитки за РК Прилеп! Прилепчани и идната сезона ќе гледаат суперлигашки натпревари

Го потврдија својот квалитет и залужено се најдоа на врвот на табелата од суперлигашките плеј – аут натпреварувања и, останаа во суперлигашкото друштво и во идната натпреварувачка сезона. РК Прилеп вечерва го совлада ГРК Тиквеш на свој терен со 32:28 и со тоа потврдија дека оваа екипата на Горан Кузманоски може да победува и со искуство плус идната година може да бидат пријатно изненадување за останатие еипи во машката Супер ракометна лига.

Пред почетокот на натпреварот РК Прилеп – ГРК Тиквеш, ракометарите и од еднат и од другата со едноминутно молчење и со маички со ликвите им одадоа почит на двајцат млади прерано починати ракометари и репрезентативци, Никола Даниловски (24) кој минатата недела се удави во водите на Охридското езеро и Марко Божиновски (20) кој изненадно починавчера.

А, потоа започна борбата за првото место на табелата во Супер мапката лига плеј-аут. Натпреварот во првото полувреме кое заврши нерешено (12:12) помеѓу РК Прилеп – ГРК Тиквеш беше еден изедначена и тактичка битка меѓу двата ривали, фаворити за првото место. Но, веќе во второто полувреме ракометарите на Прилеп ја започнаа својата офанзива кон голот на кавадарчани и тактички успеаа со три /четири гола постојано да ја имаат резултатската предност, па сконцентрирано и мотивирано, со поголема желба за победа , до крај, не дозволија противникот да напави резултатско изненадување. Тиквешани го завршија мечот со убав „цепели„, но тоа не беше доволно за да ги понесат бодовите во Кавадарци и да останат на чело на табелата. На врвот на табелата на Сушер машката лига плеј – аут со 30 бодови со оваа победа се најде прилепскиот клуб, РК Прилеп ,како круна на сите извоени битки за опстанок во лигата , а со 28 бода, останува Тиквеш .Како и да е двете екипи го потврдија опстанокот во Супер лигата.

На оваа средба најефикасен кај прилепчани беше пивотменот Александар Тренчоски со 8 постигнати погодоци и десното крило Реваз Чантурија со 7 голови, а најефикасен стрлец кај гостинската екипа беше Јанчев со 9 гола и Дејан Гошевски со 6.

Би можело да ве интересира

Лесна победа на Вардарки против Деспина

Елизабета Филипоска

Квалитетни екипи и арбитри на турнирот „Миле Нешкоски„

Елизабета Филипоска

Прилепските каратисти од Бонсаи ќе ја претставуваат Македонија на Балканското Првенство во Црна Гора (ФОТО)

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе